„Чичко“ Драган е македонскот Аполон: Ќе ве „изгори“ со неговото тело

Незапирлив е во намерата да освои уште трофеи кои му се потврда за сработеното, за трудот, себереализацијата, трпението, истрајноста. Затоа пак, има атлетско тело на кое би позавиделе многумина.
Драган Стојчевски беше Мистер на Македонија, Балкански шампион во бодибилдинг. Дисциплиниран, посветен и свесен за придобивките на спортот, советува што е можно порано да се започне со физички активности...
Ја ситни петата деценија, но со својот став и убавина секаде е забележан.
Тој е првиот Мистер на нашата земја, а во 2006 година на светскиот избор „Манхант интернешнал“ во Кина, зеде титула мистер на Европа. Имал и понуда да остане таму, но поради неговите почетоци со работата во полиција, морал да одбие и да се врати овде.
Денес е успешен реализиран семеен човек кој активно се занимава со бодибилдинг и моделство, телото го доведе до перфекција, има добар стил на облекување, многу пријатен и внимателен во разговор- маж кој со сигурност го носи епитетот Џентлмен.
Често шеговито се нарекува себе си чичко Драган, а тоа било потикнато од ова: