Денес е една од најглемите музички ѕвезди, а малкумина знаат како Александра Пријовиќ се претставувала на почеток на кариерата-нема да погодите

Александра Пријовиќ моментално е една од најголемите музички ѕвезди, а малкумина знаат дека на почетокот на кариерата имала уметничко име Aни Пријовиќ.
Имено, Александра Пријовиќ ја запознавме за време на натпреварувањето во „Ѕвездите на Гранд“, а малкумина знаат дека таа почнала да пее на 14 години.
Како 14-годишна девојка , Александра, по наговор на композиторот, се претставувала како Ани Пријовиќ, но брзо се откажала од овој псевдоним и се одлучила за името што и го дале при раѓањето.
-Тој прекар ми го даде Миќа Николиќ, кој ми напиша две песни кога имав 14 години - изјави еднаш Пријовиќ во емисијата „Амиџи шоу“.
Живее во вила на Бежанијска коса
Музичката ѕвезда Александра Пријовиќ, која е во блажена состојба, и нејзиниот сопруг, композиторот Филип Живојиновиќ, решиле да го реновираат својот прекрасен дом.
Тие со години живеат во вила во елитниот дел на српската престолнина, а причината поради која ќе променат многу работи во куќата е што е толку убава.
- Александра сакаше да направи соба за бебето, и да ја реновира постоечката соба на нејзиниот син Александар. Сакаат се да биде направено пред таа да се породи, па се зафатени со работа на деталите. Мајсторите добар дел од денот се во нивниот дом, додека Филип следи дали се е баш како што замислиле - изјавил извор на „Блиц“ близок до славниот пар.