Доаѓа долга и студена зима: Вонредни мерки за штедење струја во Европа, во Германија температури во јавни згради до 19 степени!

Добивај вести на Viber

Големото поскапување на енергенсите поради руската инвазија на Украина и воведувањето санкции против Русија ги принуди повеќето земји-членки на Европската унија да донесат вонредни мерки за заштеда на енергија!

Иако летото сѐ уште не е завршено, веќе е сигурно дека Европа ја чека една од најстудените зими бидејќи астрономските цени на гасот, нафтата и струјата ја турнаа рецесијата

Крајот на изобилството

Неколку европски претставници во последните денови ги предупредија граѓаните на нивните земји за тоа што ги чека:

- Доживуваме голема промена. Пристигна крајот на изобилството и негрижата – изјави Емануел Макрон, претседателот на Франција.

Белгискиот премиер Александар де Кроа беше уште попесимист:

- Следните пет до десет зими во Европа ќе бидат тешки. Многу сектори се борат со високите цени на енергијата. Внимателно следиме, но мораме да бидеме транспарентни.

На истиот курс е и Маргарита Роблес, министерка за одбрана на Шпанија:

- Ќе трпиме многу оваа зима. Ние во Европа мора да работиме напорно за да бидеме подготвени да се бориме со тоа.

Една од првите земји што усвои итни мерки за штедење беше Германија, која пред војната увезуваше дури 55 отсто од потребите за гас од Русија. Германија во првите два месеци од војната увезла гас и нафта од Русија за 10 милијарди евра.

- Се обидуваме што поскоро да се ослободиме од зависноста од руските енергетски извори. Во таа насока одат новите мерки за заштеда на енергија - изјави Роберт Хабек, германскиот министер за економија.

Предупредување од швајцарската влада

Се закануваат насилни протести и бунт

Швајцарската влада предупреди дека се подготвува за „екстремно сценарио“ како што се насилни протести и немири поради недостиг на енергија.

- Замислете ситуација кога повеќе не можете да подигнете пари од банкомат, да плаќате сметка со картичка во продавница или да го наполните резервоарот за бензин - изјави Фреди Фаслер, началник на полицијата.

Поради големите поскапувања Канаѓаните повеќе не го фрлаат кусурот

Зголемените цени на енергијата ги натераа повеќето Канаѓани да ги намалат трошоците, според истражувањето на Институтот Ангус Рид. Четири од пет Канаѓани возат помалку, го одложуваат своето неделно патување за купување, помалку патуваат, ги намалуваат донациите... Вкупно 52 отсто од Канаѓаните изјавиле дека не можат да се справат со ненадеен трошок од 1.000 долари.

Нафтата и гасот имаат предност

Според одлуката на владата во Берлин, од септември јавните згради ќе се загреваат до максимум 19 степени, а влезовите, фоајите, скалите и ходниците воопшто нема да мора да се загреваат. Ова правило нема да важи за болниците и образовните институции. Истовремено, спомениците и објектите на културата нема да бидат осветлени од естетски причини, додека осветлените реклами ќе бидат исклучени од 22 до 18 часот, освен во подземните премини. Како што јавува Би-Би-Си, приватните базени нема да се загреваат, а товарите со јаглен и нафта ќе имаат приоритет пред патничкиот сообраќај на железницата. Истовремено, во локалот ќе биде покрената кампања за информирање на што поголем број граѓани за начините на кои секој може да заштеди енергија. Германија почна да гради два терминали за ЛНГ во Северното Море за да ги надополни резервите.

Австрија

Се подготвува кризен план, досега градовите и провинциите поединечно донесоа вонредни мерки како што се исклучување на светлата на мостовите или спомениците на културата. Австриската влада донесе одлука од есен да го стопира поскапувањето на струјата. Како ќе изгледа конкретно таа мерка допрва ќе се утврдува, соопштуваат од Владата. Планот на владата е да обезбеди основно снабдување со електрична енергија за граѓаните по субвенционирани, поповолни цени на нивото пред војната во Украина.

Полска

Националниот план за заштеда на енергија сѐ уште не е усвоен. Во Полска веќе е суспендиран увозот на руски гас. Полска има повеќе проблеми поради недостигот на јаглен. Во јули, премиерот Матеуш Моравјецки апелираше до граѓаните да ги изолираат своите домови што е можно подобро пред грејната сезона. Се проценува дека на Полска оваа година ќе и недостигаат до два милиони тони јаглен. Полска увезуваше околу 40 отсто од потребите за гас.

Продолжува на Фактор.мк