Доналд Трамп Јуниор е позитивен на Ковид - 19: Заразен е и синот на Руди Џилијани

Доналд Трамп Јуниор, синот на американскиот претседател Доналд Трамп, оваа недела доби позитивен тест на Ковид - 19, иако нема симптоми, соопшти неговиот потпарот.
Трамп Јуниор е тестиран на почетокот на оваа недела и се наоѓа во „карантин во својата викендица од кога го добил резултатот“ - наведе потпаролот.
„Досега апсолутно немаше симптоми и ги следи сите насоки кои ги препорачуваат лекарите во оваа ситуација“.
Ендру Џулијани, соработник во Белата куќа и син на личниот адвокат на претседателот Руди Џулијани исто така соопшти дека, во петокот наутро, добил позитивен тест на Ковид - 19.
Младиот Џулијани, кој во 2017 година се придружи на Канцеларијата за односи со јавноста и владини прашања на Белата куќа, на Твитер истакна дека „чувствува благо симптоми и дека ги следи сите соодветни протоколи, кои вклучуваат карантин и информирање на луѓето со кои бил во контакт.“
This morning, I tested positive for COVID-19. I am experiencing mild symptoms, and am following all appropriate protocols, including being in quarantine and conducting contact tracing.
— Andrew H. Giuliani (@AndrewHGiuliani) November 20, 2020