Драматична трансформација на Владимир Тајковски: Стилистот ослабе 41 килограм и ја раскажа својата животна приказна

Добивај вести на Viber

Познатиот стилист за коса и шминка, Владимир Тајковски, по четири и пол месеци изгледа непрепознатливо – полесен за дури 41 килограм, без таблети за притисок и шеќер и со огромна количина нова енергија.

Тајковски ја сподели својата искрена приказна и предизвици по интервенцијата Bariatric sleeve во реномирана клиника во Истанбул. Тој со гордост истакна дека конечно живее полесно, поздраво и исполнето, и дека одлуката да ја направи оваа операција му го променила животот од корен.



„Бескрајно сум благодарен на Др. Ercan Yalcin и неговиот професионален тим, како и на прекрасната Adeviye Başgül Tolunay, која го организираше целиот процес и ми го олесни патот. Таа е достапна 24/7 за секој кој сака да го смени животот на подобро,“ посочува стилистот.

Фотографиите од пред и после операцијата сведочат за драматичната промена, а приказната на Тајковски е инспирација за сите кои се борат со истите предизвици.


РЖМ/ИС - Фото: Фејсбук


Дознајте сè за случувањата во шоу бизнисот, бидете во тек со темите за животен стил и мода. Пријавете се во нашата Вибер група