Џеј Ло даде сѐ од себе да ја загрее атмосферата: Зошто сите зборуваат за дочекот на 2021 во Њујорк?

Добивај вести на Viber

Гласот на Џенифер Лопез одекнуваше низ празниот „Тајмс Сквер“...

Џенифер Лопез уште еднаш докажа дека е вистинска суперѕвезда. Имено, популарната пејачка настапи на „Тајмс Сквер“ во Њујорк во пресрет на 2021 година. Додека се спушташе кристалната топка, неколку минути пред полноќ, моќниот глас на Џенифер Лопез ечеше низ Њујорк.

На настапот дошла со метро, ​​облечена во син фустан од Балман. Кога излезе на сцената, таа беше облечена во бел фустан во неколку слоеви, како и необична кристална топка на главата со потпис на модната куќа Валентино.

Поради пандемијата, плоштадот во Њујорк беше скоро празен, но преносот во живо беше достапен за сите.

„Уште само седум минути и 2020 година заврши! Успеавме! Успеавме", рече Џенифер Лопез.

„И, тоа е во ред. Ако оваа година не научи нешто, нè научи да бидеме благодарни за она што го имаме и да го цениме секој момент. Изгубивме премногу. Премногу за да го земеме моментот здраво за готово“, емотивно кажа пејачка.

„Вечерва ќе живееме, повторно ќе сакаме и ќе танцуваме. И ќе продолжиме да сонуваме“, извика таа.

Настапот на Џеј Ло од најлудата ноќ во годината, може да го погледнете во продолжение:


фото: Profimedia