Експертите предупредуваат: Секс после прележан ковид-19 не треба да трае подолго од 10 минути

Добивај вести на Viber

Prof. dr Miljko Ristić, фото: Alo!/Masanori Jošida

Експертите предупредуваат: Пациентите кои прележале коронавирус не треба да водат љубов најмалку еден месец по закрепнувањето од заразата!

Покрај тоа, самиот однос не треба да биде жесток и не треба да трае подолго од десет минути, бидејќи во спротивно може значително да ја влоши постојната состојба и да доведе до сериозни срцеви заболувања, па дури и до смрт.

Поради сето ова, експертите советуваат да се користат помалку напорни пози. Кардиохирургот проф. Д-р Миљко Ристиќ објаснува дека ковид-19, во зависност од сериозноста на клиничката слика, остава разни последици во организмот, а една од најзагрозените групи се пациенти со срцеви заболувања и луѓе со висок крвен притисок, така што предвремената активност и возбуда, како и други физички напори може само да ја влоши состојбата на пациентот.

-Без оглед на степенот на оштетување на срцето и сериозноста на клиничката слика на короната, пациентот не треба да има сексуални односи најмалку четири недели по инфекцијата. Самиот однос не треба да биде напорен и не треба да трае подолго од 10 минути. Со текот на времето, како што напредува закрепнувањето, враќањето кон сексуалната активност може исто така да го подобри здравјето на пациентот, но тој мора да биде трпелив. Значи, прво закрепнување, па потоа водење љубов – вели Ристиќ.

Коронавирусот во поголема или помала мера ги уништува клетките на срцето, односно срцевиот мускул, што доведува до негово слабеење, а сето тоа предизвикува замор, недостаток на кондиција, слаба подвижност. За да може едно лице целосно да закрепне, мора да поминат од неколку недели до неколку месеци.

Така, враќањето во нормален живот, вклучително и водење љубов, зависи од општата клиничка слика и се мери со недели – објаснува Ристиќ и додава дека враќањето во нормален живот мора да биде под надзор на лекар. Врз основа на преглед со ултразвук, кој ја покажува силата на срцевиот мускул, лекарот може да процени како пациентот треба да се однесува и од што се' треба да се откаже заради своето здравје.

извор: alo.rs