Емотивно: Луна Џогани се расплака на првиот роденден на нејзината ќеркичка поради ова

Добивај вести на Viber

Луна Џогани и Марко Миљковиќ направија гала прослава по повод крштевката и роденденот на нивната ќерка Миа. 

Еден од најемотивните моменти за време на славењето беше кога парот објави емотивно видео, кое содржи спомени со Миа.

Исто така, за време на забавата Луна Џогани во еден момент ја преплавија емоции,  таа се расплака на песната „Samo za nju“ на Шабан Шаулиќ. 

Овој момент го сними нејзиниот сопруг Марко Миљковиќ, а видеото го сподели на Инстаграм. 

Да потсетиме, гордите родители приредија вистинска бајка за малата Миа.

Ресторанот во кој ја организираа прославата беше украсен во розови и сини тонови. Бендот свиреше популарна музика, додека беше направено и посебно катче за деца.

Внатре во ресторанот имало базен со топки, но и тобоган, кој ги воодушевил децата.


Фото: Инстаграм

Ѕирнете во луксузот: Луна и Марко дадоа 160.000 евра за нов стан, а само еден детаљ ги чинеше 18.000 денари