Животна училница // Приказни
„НЕЈЗИНАТА МИЛА И НЕВИНА ДЕТСКА ДУША, НИКОГАШ НЕМА ДА БИДЕ ЗАБОРАВЕНА“: Училиштето во кое учеше Теодора, се прости од својата ученичка

Основното општинско училиште „Крсте Петков Мисирков“ од Демир Хисар, се простува од 16 годишната Теодора Бабарчиќ, чиј живот прерано згасна во водите на реката Вардар.
„Нашето училиште СОУ ,,Крсте Петков Мисирков" Демир Хисар со неизмерна тага за прерано згаснатиот живот на нашата ученичка ТЕОДОРА БАБАРЧИЌ, изразува искрено и длабоко сочувство до семејството. Нејзината мила и невина детска душа никогаш нема да биде заборавена. Почивај во мир, ангелу“, стои на официјалната фејсбук страна на училиштето.
Теодора исчезна на 23 јули во водите на реката Вардар. Нејзината мајка молеше за помош на социјалните мрежи да се пронајде нејзиното безживотно тело. Телото беше пронајдено шест дена по интензивна потрага од властите.
Извор: ФАКТОР