Планинска авантура под отворено небо: Семејството Камилоски го откриваат рајот на Лешница

Добивај вести на Viber

Познатиот пар Ирина и Павле Камилоски викендов решија да го поминат во природа, истражувајќи ја убавината на Шар Планина. За дестинација го избраа живописниот предел Лешница, каде заедно со своите две деца, Јосиф и Лена, уживаа во викенд исполнет со планински авантури.

Семејството Камилоски, опремени со специјални кенгури за планинарење, рекреативно пешачеа до Лешница, каде имаа можност да се восхитуваат на импресивниот водопад и природниот базен со кристално чиста вода, создаден од самата природа.

„Секој чекор, секој момент за вас е игра, но за нас е спомен кој ќе трае засекогаш. Нема да се сеќавате, ама мама и тато ќе ви раскажуваат. Лешница - Шар Планина - Република Македонија“, стои во описот на видеото. 

Овој семеен излет е само уште еден пример за важноста од приближување на децата до природата уште од најмали нозе – навика која придонесува тие да ја засакаат природата и да поминуваат што повеќе време на отворено.

Фото: Инстаграм
РЖМ - Г.Д.Г

*Забрането е преземање на содржини од „Женски магазин“