(ФОТО) Јелена Карлеуша со црна коса: Непрепознатлива

Од почетокот на нејзината кариера, славната пејачка важи за една од најатрактивните русокоси на Балканската сцена, и иако често експериментираше со фризури, не сме ја виделе многупати како бринета. Сепак, најверните фанови ги паметат и тие изданија ...
Пред неколку години, Јелена Карлеуша започна тренд и од време на време ја „боеше“ нејзината коса со пастелни тонови на розова и сина боја, понекогаш со прамени, некогаш целосно. Сепак, секогаш посветено се враќаше на нејзината препознатлива боја на руса коса, и кога имаше многу долга коса и кога ја скрати косата.
Но дали паметите дека уште во 2011-тата година, таа беше темнокоса за време на промоцијата на синглот „Нова религија“, а во оваа прилика во неколку наврати ја видовме како црнокоса на Инстаграм.
Јелена носеше перика, но секако остави силен впечаток бидејќи изгледаше скоро непрепознатливо со темната коса!
Без разлика дали тоа е моќта на црната коса или само фактот дека сме навикнати на русокоса Јелена во последните 25 години, и не можеме да се навикнеме на неа како бринета, едно е сигурно - и оваа боја ѝ одговараше извонредно!
Насловна фото: ANTONIO AHEL/ATA IMAGES