Животна училница // Приказни
(ФОТО) Министерот Венко Филипче во ГАК: Ги посети бебиња кои се родија во Новата година
- 01 Јануари, 2021 12:43
Прво, па машко...
Во Македонија првото бебе се роди една минута по полноќ.
Се работи за машко бебе, тешко 3 650 грама и долго 51 сантиметар, информираше Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје. Новороденчето е родено во 00:01 часот, а мајка на бебето е скопјанката Бојана Смилеска. Ова е нејзино второ, спонтано породено дете.
Денес, министерот за здравство, Венко Филипче ги посети мајката и бебето. На својот Фејсбук профил сподели фотографии од посетата во ГАК.