(ФОТО) Полни 55 години: Изненадување од семејството за тато Дарко Панчев

Добивај вести на Viber

Во својата кариера освои скоро се' што можеше да се освои во фудбалот. За Дарко Панчев, легендата на југословенскиот фудбал и играч кој на Црвена ѕвезда ѝ ја донесе титулата европски шампион и ја освои златната копачка на Европа, скоро и да нема нешто што не е напишано. Тој е нашата гордост и останува запишан во историјата како фудбалерот со број 9, еден од најдобрите на Балканот и пошироко. 

Денеска Дарко полни 55 години, а прославува роденден со најблиските. Имено неговата сопруга и ќерките му приредија изненадување со преубава торта.

- Оваа година, сине ние си ги прославивме родендените сами во корона услови, со надеж дека до година ќе биде подобро. Да си ни жив и здрав тато уште многуу години- напиша Маја Гроздановска Панчева,

Дарко е активен е колку може во спортот, активно ги следи спортските случувања, ама во неговиот кафе бар постојано е во друштво на големи регионални ѕвезди кои и денес му симнуваат капа. Со сопругата Маја имаат една многу подруга работа од нивната стандарна, а таа е да бидат добри родители на двете ќерки и да ги изведат на вистински пат. 

- Мислам дека со Маја заедно, ќерките Надица и Марија ги учиме на нормални животни вредности. Да прават добри работи и да ги почитуваат постарите - изјави Панчев во претходно интервју.