Животна училница // Приказни
(ФОТО) Селин Дион во врска со 16 години помлад танчар
- 24 Јануари, 2019 10:27

Селин Дион (50) сепак не е во врска со актерот Расел Кроу како што шпекулираа светските медиуми. Канадската музичка ѕвезда на Модната недела во Париз се појави во придружба на 16 години помладиот Пепе Муњоз.
Пејачката ги потврди гласините за љубовта со шпанскиот танчар.
Двојката разменуваше нежности во првиот ред на ревијата на Валентино, а модните критичари напишаа дека Дион никогаш не изгледала подобро.
Сопругот на Селин Дион и нејзин менаџер Рене Анжелил со кого има две деца, почина во 2016 година од рак на грло.