(ФОТО) Славната актерка се претвори во вистинска домаќинка: Нема да ја препознаете Скарлет Јохансон

Една од најубавите и најбарани актерки во светот, Скарлет Јохансон го чека крајот на пандемијата во омиленото летно одморалиште на побогатите њујорчани Хемптонс, каде има куќа. Тaa поминува време со својата ќерка Дороти Роуз, која деновиве го слави својот шести роденден, а викендов беа видени пред супермаркетот.
Гламурот од црвениот тепих 35-годишната актерка го замени со удобна облека и заштитна маска. Таа ја врза својата долга руса коса во опашка и не би биле изненадени ако убавата актерка, која носеше и очила со диоптер, не би ја препознал скоро никој.
Скарлет беше облечена во црн едноделен комбинезон, а само чантата „Шанел“, која ја носеше преку рамо, даде некаков гламур.
Скарлет ја доби ќерката од бракот со Французинот Ромен Дауриак, а сега е верена со комичарот Колин Јуст, со кого во моментов живее во Хемптонс.
Скарлет наскоро би можеле повторно да ја видиме на филмското платно, но и на црвениот тепих, бидејќи премиерата на нејзиниот филм „Црна вдовица“ е закажана за крајот на октомври. Се разбира, сè ќе зависи од состојбата со епидемијата на коронавирус, поради што датумот 29-ти април беше преместен на крајот на годината.