Има 7 деца од 5 жени, беше пожарникар, а сега е најдобриот филмаџија во Холивуд

Се прослави како Валканиот Хари пред да нанижи бројни култни улоги. За неговиот приватен живот може да се сними филм. Се женеше двапати, има деца од пет жени, а беше во врска и со професорка
Еден од најталентираните уметници во Холивуд, оскаровецот Клинт Иствуд, потекнува од работничко семејство. Славниот филмаџија роден последниот ден во мај 1930 година завршил средно техничко училиште. Уште од мали нозе бил „поинаков“ и не сакал премногу да се дружи со врсниците. Во едно интервју призна дека невиноста ја изгубил кога имал само 14 години со пет години постарата сосетка која порано му била бебиситерка.
- Добро е што почнав рано. До 20-та собрав многу повеќе искуство - призна тој.
На 19 години бил во врска со професорка од средно школо. Кога ја оставил, таа разидувањето не го прифатила лесно, дури и се заканувала со самоубиство. Како и во филмовите, овој немил настан Иствуд подоцна го објасни со ладна насмевка.
- Може да се каже дека имаше мало недоразбирање околу моментот како ја разбираме сериозноста на нашата врска - раскажа популарниот актер и режисер.
Пред да влезе во филмскиот свет, работел на бензинска станица, бил и пожарникар, а свирел и во еден бар. Во 1950 година бил полесно повреден кога неговиот авион бил срушен над Пацификот, северно од Сан Франциско. Морал да сведочи за несреќата, па го избегнал одењето на воениот фронт. Во тоа време либидото му било на завидно ниво, па често одел на состанок на слепо. На еден таков ја запознал Маргарет Џонсон. Во исто време се гледал уште со една девојка која набрзо останала бремена. Немала поддршка од Иствуд, па неговата ќерка за која актерот наводно никогаш и не прашал, била дадена на посвопјување. Сепак, останал со Маргарет и ја однесол пред олтар.
На крајот од 50-те години на минатиот век почнал да глуми во нискобуџетни филмови, а се пробил на почетокот на 60-те, тогаш уште релативно непознат, во шпагети-вестерните на Серџо Леоне. Жените му биле слабост и кога почнал да заработува милиони. Актерката Мами Ван Дорен призна дека со години биле во врска и дека до толку постоело страт меѓу нив што често воделе љубов и на филмските сетови. Подоцна ја сретнал танчарката Роксен Тунис која исто така била во брак. Тогаш Клинт ја добил првата законска ќерка, Кимбер.
Филмовите и жените продолжиле да се „лепат“ за него. Само двапати се заколнал на вечна љубов, но има пет ќерки и два сина од пет различни жени. Помнеѓу децата има голема возрасна разлика, па додека не ги добил внуците знаел да се пошегува: „Не ми требаат внуци, веќе ги имам“.
За среќа, приватниот живот не му влијаеше на филмската работа. Тешко е да се набројат сите негови врвни остварувања.