Кога се вљубиле таа била во втор брак, а тој имал 4 ќерки: Заради тоа верувале дека Бог ќе ги казни
Тоа беше судбоносна
љубов! Тоа беше љубов од која се умира
Иако Џони Кеш, легенда на американската канти музика, почина од компликации предизвикани од дијабетес во 2003 година, многумина веруваат дека „човекот во црно“ (како што го нарекуваа обожавателите) починал од скршено срце. Само четири месеци претходно, по операција на срцето, почина неговата Џун, со која беа неразделни цели 35 години во брак.
А, токму оваа убава, добра и паметна жена успеа да го изведе самоуништливиот Џони склон кон пороци на вистинскиот пат. Таа му беше пријателка, сестра, мајка, љубовница... Всушност, се‘ што е жената за мажот, ако нивната љубов е искрена и целосна. А љубовта на Џони и три години постарата Џун беше таква. Тој не можеше да живее без неа. Џони првпат ја виде Џун кога беше на матурското патување во средно училиште.
Класот на Кеш отиде во Нешвил каде Џун имаше настап со семејниот бенд „The Carter Family“. После тоа, поминаа години и години пред да се сретнат во 1956 година во бекстејџот на „Гранд Оле Опри“.
„Еден ден ќе се омажам за тебе“, ѝ рекол Џони тогаш, иако дома го чекала неговата прва сопруга Вивијан Либерто, со која доби четири ќерки.
Тој во тоа време продавал алат. Беше во брак со Вивијан Либерто седум години, до 1961 година. Се венчаа веднаш штом тој ја напушти војската и добија четири ќерки: Розан, Кејтлин, Синтија и Тара Џоан. Тој во тоа време продавал алат. Џун тогаш беше во нејзиниот втор брак. Со првиот сопруг, пејачот Карл Смит, таа доби ќерка, и со вториот Едвард Никс исто така доби девојче.
„Се чувствував како да сум во пламен и како да горам жива“, Џун еднаш опишала како се чувствувала кога се заљубила во Џони.
Тие чувства беа нејзината инспирација да ја напише песната „Ring of Fire“. Песната првично ја отпеа нејзината сестра Анита, но стана хит дури кога Џони ја адаптираше, додаде трубачи и ја отпеа својата верзија.
И двајцата тогаш биле во брак и двајцата биле верници. За Џун, заљубувањето во оженет маж беше смртен грев. Додека ги пишуваше зборовите за „Ring of Fire“, во нејзиниот ум беа огнените јазици на пеколот, каде што веруваше дека ќе изгори поради забранетата љубов. Оваа песна беше прва во низата нивни заеднички хитови. Нивните потиснати чувства еден кон друг дојдоа до израз кога заедно настапуваа. Хемијата меѓу парот беше непобитна. Џун и Џони почнаа да настапуваат заедно во раните 60-ти. Тие стануваа сè поблиски, а се‘ подалечни со своите сопружници.
„Џун ја напиша „Ring of Fire“ за мене, а токму таква беше нашата афера. Бевме лудо заљубени и работевме заедно цело време. А кога турнејата заврши, моравме да се вратиме дома кај нашите семејства. Тоа болеше“, рече искрено еднаш Џони Кеш.
Џони конечно се разведе од сопругата во 1966 година, а Џун поднесе барање за развод од нејзиниот втор сопруг. Но, Џони бил зависен од апчиња, дрога и алкохол. Неколку пати ја запросил Џун, но таа му рекла дека нема да се омажи за него ако се дрогира. Потоа ѝ ветил дека ќе направи се‘ за да биде негова. Тринаесет години откако се запознале, Кеш ја запросил Картер на сцената за време на заеднички настап во Онтарио кон крајот на февруари 1968 година. Тие го пеале хитот „Џексон“, а на средината на песната Џони застанал, ја прекинал музиката и ја прашал Џун дали сака да се омажи за него. Таа го убедувала да продолжи да пее.
„Нема да продолжам да пеам додека не ми одговориш“, рекол Џони, а збунетата Џун се свртела кон бендот со надеж дека ќе почнат да свират. Кога видела дека нема да почнат да свират, одговорила „да“. Тие се венчаа на 1 март истата година, а две години подоцна им се роди синот Џон Картер Кеш.
„Таа е највеличествената жена што сум ја сретнал. Никој освен можеби мајка ми не е ни блиску до неа“, напиша „човекот во црно“ во својата автобиографија за љубовта на неговиот живот. Мајката на Џун, Џенет, можеби најдобро опишува како изгледала нивната врска: „Тие секогаш беа фокусирани еден на друг. Тие беа вистинска двојка, посветена и лојални еден на друг“.
Две години пред да се венчаат, Кеш купил куќа на езеро во Нешвил. Кога Џун се вселила, таа направила вистинско семејно гнездо од куќата и домот го нарекле Камелот. Својот единствен син секогаш го носеле со себе каде и да оделе, дури и кога бил мало дете. Цел живот заедно настапуваа со иста хемија на сцената, а тој секогаш ја претставуваше како „неговата дама“. Заедно живееле и создавале до крајот на животот.
Џони продолжил да се бори со зависноста цел живот. Иако Џун страдала поради тоа, таа никогаш не го напушти. Нивниот брак е пример за љубов која не стивнува, а начинот на кој се однесуваа еден со друг, психолозите го посочуваат како рецепт за вечно страсна врска.
Џун беше поддршката на Џони и таа добро ја познаваше неговата темна страна. Таа го охрабри да се соочи со неа. Кога нивниот брак бил во криза, наместо да се откажат еден од друг, тие ги обновиле брачните завети. „Во добро и во зло, додека смртта не ги раздели“.
„Отсекогаш уживав да бидам дел од неговиот живот. Отсекогаш сум го сакала него и тој ме сакаше мене“, изјавила Џун една година пред да почине.
Џони Кеш во роденденска честитка на својата сакана сопруга за нејзиниот 65-ти роденден во 1994 година напиша:
„Остаревме заедно и се навикнавме еден на друг. Размслуваме исто. Си ги читаме мислите еден на друг. Знаеме што сака другиот и немаме прашања. Понекогаш се нервираме. Понекогаш си земаме друго здраво за готово. Но, одвреме-навреме, исто како и денес, размислувам за сè и сфаќам колку сум среќен што го споделувам животот со најдобрата жена што некогаш сум ја запознал. Сè уште ме фасцинираш и ме инспирираш. Твоето влијание ме прави подобар. Ти си предмет на моите желби и причина број еден зошто постојам на земјата. Те сакам многу. Среќен роденден, принцезо! Џон“.
Одличниот биографски филм „Walk the Line“ е снимен во 2005 година. Џони беше фантастично одигран од Хоакин Феникс, додека Рис Витерспун доби Оскар за улогата на Џун Картер.
Фото: Профимедиа/pinterest
Можеби ќе ве интересира: