„ИНТРИГАНТНИ ВРСКИ“: Причини зошто мажите „паѓаат“ на повозрасни дами

Иако речиси општеството сѐ уште е склоно да ја прифаќа врската помеѓу повозрасен маж и млада партнерка, во последните години има се повеќе парови во кои ситуацијата е обратна и на вакви врски не се гледа баш благонаклонето.
Таквите врски важат за интригантни , а на таа тема се направени бројни истражувања кои откриле кои се пресудните фактори.
Мажите ги откија своите причини, а ова се најчестите.
Факторот забрането овошје
Најчесто општеството не е склоно кон одобрување на врската меѓу млад маж и повозрасна партнерка, а обратната ситуација е многу поприфатлива. Но токму тој елемент на забрането овошје кај мажот создава дополнителна потреба да пробаат и нешто такво. Имено, тенденцијата на луѓето е повеќе да го сакаат она што не можат лесно да го имаат.
Независност во бракот
Повеќето возрасни жени ги оствариле своите цели како во деловен така и во финансиски план, што целосно го симнува теретот од партнерот, кој инаку има притисок од очекуваната грижа за животни обврски. Освен тоа, зборот брак, повозрасните дами речиси и не го споменуваат, што секако на мажите и тоа како им одговара.
Смиреност и конкретност
Познато е дека мажите не сакаат да комплицираат, посебно кога се работи за секојдневни ситници, а повозрасните дами се водат од иста девиза. Зборот драма речиси и да не постои во нивното однесување, тие и во стресни ситуации успеваат да останат смирени и да ја сочуваат енергијата за конкретно решавање на проблемите.
Зрелост и искуство
Зрелоста и самодовербата кои повозрансите дами ги венсуваат во врските на мажите создаваат удобност, па тие се ослободуваат од обврската во сите ситуации да се во предност и преземаат иницијатива. Младите дами се склони да ги менуваат мислењата што мажите често не го сакаат, додека оние повозрасните се раководат од врската како добар деловен проект. Со оглед на големите животни искуства негуваат слобода и развој на младиот партнер во врската.
Неоспорни вештини во кревет
Слободата и самодовербата се пресудни фактори , а повозрасните дами одамна ја надминале несигурноста кога е во прашање изгледот. Оптеретеноста со ново и непробано е карактеристично за секоја млада жена и тоа е нормално бидејќи уште се бара совршен партнер. Освен тоа мажите напоменуваат дека имаат таква жена на која токму тие можат да и удоволат баш се