Инвестициски хит: Овие грчки дестинации се рај за купување недвижнини!

Добивај вести на Viber

Побарувачката за луксузни куќи за одмор во Грција остана на високо ниво и оваа година, според анализата на „Енгел и Фолкерс“, во која се наведува дека 85 проценти од сите трансакции се извршени од странски купувачи, а цените на недвижностите на грчките острови се уште се конкурентни во споредба со другите медитерански пазари.

„Купувачите варираат во зависност од локацијата, но повеќето од нив доаѓаат од Централна Европа, како и од Соединетите Американски Држави, Либан, Израел, Балканот и Турција. Побарувачката е најизразена за вили со базен и поглед на морето, додека за најлуксузните имоти, одлучувачки за клиентите е непосредната близина до плажата“, изјавил директорот на „Енгел и Фолкерс Грција“, Јоргос Петрос, пренесува „Катимерини“.

Највисоките цени на недвижностите се забележани на Миконос и Парос, каде што цената се движи до 12.000 евра по квадратен метар, пренесува „Еуроњуз“ пишувајќи за „Танјуг“. Во Коринтија и Лаконија, најсиромашните области, цените почнуваат од 2.000 евра по квадратен метар, но сепак нудат висококвалитетни имоти на атрактивни локации.

Петрос додава дека луксузните дестинации за одмор во Грција имаат корист од поволна инвестициска рамка и динамичност на долгорочните приноси од изнајмување, при што постојаната побарувачка секогаш ја надминува понудата. „Енгел и Фолкерс“ е меѓународна компанија за недвижности и услуги со седиште во Хамбург, Германија, специјализирана за брокерство на луксузни станбени и комерцијални имоти.

Фото: Инстаграм
Извор: Mondo.rs