Итно ѝ требаме на оваа млада мајка на две дечиња: Донирајте за Дијана

Добивај вести на Viber

Хуманоста никогаш не познава граници. Така да биде и во овој случај. Сите хумани луѓе кои можат да помогнат, нека донираат финансиски средства за помош на една млада мајка.

34 годишната тетовчанка Дијана Димчевска Наумоска, има потреба од помош од сите нас. 

Во 2022 година на Дијана ѝ бил дијагностициран рак на матка, таа се лекувала во Клиниката за онкологија, но поради метастазирање на белите дробови потребно е дополнително лекување во Турција.

Откако се собраа дел од средствата Дијана замина во Истанбул каде испитувањата потврдиле метастази на репродуктивен орган и белите дробови, но не и на други органи.

Донациите може да се уплатат и на сметка на Дијана 200002512150321 во Стопанска банка АД Скопје. Луѓето од странство пари може да донираат и преку интернет платформата за собирање на донации www.gofundme.com

(https://www.gofundme.com/f/d337z6-support-for-dijana-her-family?utm_campaign=p_cp+share-sheet&utm_medium=social&utm_source=facebook), 

Дијана е сопруга и мајка на две деца на 7 и 9 години. Не може да работи од почетокот на лекувањето.