Ивона и Димче – инспирација за нови генерации волонтери: Пријатели кои со срце и рака ја градат иднината на хуманоста

Добивај вести на Viber

Во светот полн со предизвици, секој ден имаме потреба од позитивни примери кои не само што инспирираат, туку и нè мотивираат да бидеме подобри луѓе. Една таква приказна е онаа на Ивона и Димче, двајца долгогодишни пријатели кои повеќе од 25 години ги поврзува не само пријателството, туку и љубовта кон хуманоста и првата помош.

Со двете раце се посветени на волонтерството и на помагањето на другите. Додека Ивона има над 20 години искуство како волонтер и професионалец во Црвениот крст, Димче е на истиот пат, уште од почетокот на своето волонтерско патување во Општинската организација на Црвен крст – Кисела Вода. Заедно, тие не само што освоиле три државни натпревари по прва помош, туку и учествувале на два европски натпревари, покажувајќи посветеност и страст за оваа хумана област.

Но нивниот пат не завршува тука. Оваа година, Ивона и Димче решаваат да го поддржат тимот на Црвен крст Кочани, кои се подготвуваа за државниот натпревар по прва помош. Со своето огромно знаење и искуство, тие решаваат да ги подготват младите волонтери од Кочани. Без какви било финансиски или организациски претензии, тие започнуваат со редовни онлајн средби и две викенд средби во Кочани, каде што практично ја применуваат првата помош.

Поддршката на Црвениот крст на град Скопје била значајна, но тоа што најмногу ја направи разликата беше ентузијазмот и посветеноста на Ивона и Димче, кои, преку нивната страст и мотивација, ја пренесоа својата енергија на младите волонтери. Резултатите не изостануваат: екипата од Кочани освои третото место на државниот натпревар, што е вистински успех за оваа група.

Ова е пример на волонтерска хуманост која се темели на соработка, поддршка и заедништво. Кога едни со други си подаваме рака, кога се мотивираме, се поддржуваме, резултатите стануваат многу поголеми од она што се очекува. Не само што се добива успех, туку се создава позитивна енергија и напредок во животите на другите. Заедно стануваме посилни и поисполнети.

Преку оваа приказна, Ивона и Димче не само што покажуваат што значи да се биде вистински хуман, туку и како да се инспирираат нови генерации волонтери да ги продолжат овие вредности. И токму во нивната бескрупулозна посветеност, во желбата да помагаат и да бидат од корист за другите, лежи вистинската радост и исполнетост – знаењето дека твојата помош може да направи разлика во нечии животи.

Да бидат ова поттик и инспирација за сите нас, да ги следиме нивните чекори, да ја разгориме нашата љубов кон хуманоста и да не се умориме да помагаме, бидејќи секој чекор напред е чекор кон подобро утре за сите.

РЖМ - Г.Д.Г
Фото: Фејсбук