Животна училница // Приказни
ИЗНАЈМИЛА СТАН ЗА САЛОН ЗА ВЕНЧАНИЦИ, ПА ДОНЕЛА КОПАЧИ - Детали за тунелот под судот во Подгорица
- 15 Септември, 2023 15:50

Според последните информации на црногорските медиуми, станот од кој е ископан тунелот до депото на Вишиот суд во Подгорица го изнајмила жена.
Како што пишуваат црногорските медиуми, станот кој бил изнајмен се наоѓал во подрумската зграда на улицата Његошева во Подгорица, од која криминалците по кои трага полицијата ископале тунел долг 30 метри што води до депото на Вишиот суд во Подгорица, пишува „Курир.рс“.