ДОАЃА СИЛНО НЕВРЕМЕ - пороен дожд, грмежи и силен ветер најавува УХМР-еве од кога

Добивај вести на Viber

Од утре попладне, и особено во текот на ноќта не очекува голема промена на времето. Управата за хидрометеоролошки работи најавува обилни дождови, на места пороен дожд проследен со грмотевици. 

- Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса утре попладне, во текот на ноќта и во понеделник претпладне времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 литри на квадратен метар) и засилен ветер се очекуваат во текот на ноќта, особено во источните делови од земјата.

Во понеделник преку денот ќе дува засилен северен ветер (локално над 60 километри на час). Од вторник времето ќе биде стабилно и топло - соопшти УХМР. 

Во Скопје, утре попладне, а особено во текот на ноќта, ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме. 

Детали на Фактор тука.