Извинувања кои и ги должам на мајка ми сега кога и јас станав мајка
Сите мајки ќе се согласат за една работа -
потребно е да станете родител да сфатите колку е навистина тешко. Само кога
самостојно ќе се соочиме со сите предизвици на мајчинството, ќе започнеме
повеќе да ги цениме сопствените мајки и сфаќаме дека им должуваме големо
извинување за целата злоба што ненамерно сме им ја нанеле. И затоа се
извинувам…
Се извинувам за мојот пубертет, хормони, ненадејни
напади на тинејџерско лудило и неподносливо правење паметна. Сега знам дека не
знаев сè тогаш, иако дејствував на тој начин.
Се извинувам за сите неприлики надвор од куќата,
доцнењата, пијанството, ненајавените пирсинзи и тетоважи, и за сите нови
фармерки кои веднаш ги исекував.
Се извинувам за пркосот, инатот и превртувањето на
очите.
Се извинувам за сите лоши момци со кои поминував време
а кои лошо се однесуваа кон мене, иако ме научи дека го заслужувам само
најдоброто.
Се извинувам за префрлувањата, моментите кога во
бесмислена лутина ти велев дека си лоша мајка, а ти беше само мајка каква што тогаш ми требаше. Онаа што ќе ме натера да престанам да ги игнорирам сопствените
грешки.
Тогаш кога од глуп и бесмислен гнев ти реков дека
си лоша мајка…
Најмногу се извинувам што мислев дека да се биде
мајка е твоја работа, и тоа најлесната работа на светот. Бидејќи јас потценував
сè што направи за мене затоа што мислев дека е твоја должност и не знаев дека
да се биде мајка е нераскинлив завет на љубовта.
Извор: zenskikutak.rs
Жено, не е твое да ме разбереш, важно е да не ме судиш!