Ја запознал новата девојка во ресторанот на нејзиниот сопруг: Љубовната драма на Бред Пит и Никол

Веста дека Никол Потуралски (27) е нова девојка на Бред Пит одекна како бомба.
Сепак, она што уште повеќе ја шокираше јавноста е фактот дека Никол е веќе омажена.
Првичните информации за новата девојка на Оскаровецот беа дека моделот Никол Потуралски зборува пет јазици, има еден син и води организација за заштита на ајкули.
Таа има успешна кариера како модел во родната Германија, а стана центар на меѓународни интриги откако беше забележана со Бред Пит во јужна Франција.
Со новата информација која одекна во јавноста, односно дека Никол е омажена, со денови светските медиуми се обидуваа да откријат како изгледа ривалот на Бред Пит, а сега фотографиите од сопругот на младата Никол ги преплавија социјалните мрежи.
Сопругот на новата девојка на Бред Пит, Роланд Мари (68) е фотографиран во неговиот ресторан во Берлин. Споменатиот ресторан е всушност и местото каде што Бред и Никол првпат се сретнаа пред точно една година.
Сега двајцата се борат за срцето на младата Никол Потуралски.
Јавноста дозна за романсата меѓу славниот актер и убавата манекенка кога двајцата беа фотографирани на аеродромот. Двојката одлучи да отпатува на романтично патување во Франција, каде ќе ужива далеку од очите на јавноста.
Според „Дејли меил“, Роланд Мари е филозофски наклонет кон врската меѓу неговата сопруга и холивудскиот актер. Се наведува дека бизнисменот е во „отворен брак“ со неговата 27-годишна партнерка, со која го има седумгодишниот син Емил.
Иако Роланд Мари не го коментираше патувањето на неговата сопруга, блиски пријатели за споменатото списание рекоа дека сè е во ред во нивното семејство.
Она што особено ги изненади медиумите е фактот дека Бред го познава Роланд и дека нивното познанство датира од 2009 година.
Новата девојка на Бред Пит, Никол, е модел, патува многу и има повеќе од 100.000 следбеници на социјалните мрежи, каде редовно споделува фотографии.