Јованка Житарова: На Алјаска Новата година ја прославувавме на -35 степени
Пејачката откако се раздели со сопругот, се врати во Македонија со своите близнаци и повторно се активира на сцената
Јованка Житарова по пауза од 10години повторно се врати на сцената со темата „Сама своја среќа“ на Роберт Билбилов. Планира сериозно да и’ се посвети на кариерата и да снима песни кои ќе ја претстават во поинаквомузичко светло. Житарова една деценија живееше на Алјаска. Пред две години се раздели од сопругот и со своите близнаци се врати во Македонија. Моментно е ангажирана околу прославата на новогодишните празници.

- Дочекот на Нова Година во Македонија и Алјаска е сосема различен. Додека овде се чувствува еуфоријата на предновогодишната ноќ и доаѓањето на Дедо Мраз на кој најмногу се радуваат децата, тоа не е случај и таму. Приоритет е Божик, кој се прославува на 24 и 25 декември. Тогаш целата фамилија се собира на традиционална трпеза богата со разновидни јадења. Секој член од семејството си наоѓа подарок под новогодишната елка. Бидејки времето е студено, најчесто е – 35 степени, луѓето за новогодишната ноќ се во своите домови. Некои одат во ресторани или кафулиња. Додека живеев на Алјаска, инсистирав секоја Нова година да ја прославувам со најблиските во домашна атмосфера. Само еднаш отидовме во Њу Џерси кај моето семејство. А за новогодишната ноќ бевме на плоштад во Њујорк – вели пејачката.
Житарова со семејството живеела во Бероу,кој има субарктичка клима, со екстремни варијации на температурата. Зимата е долга и трае од октомври до средината на април.

- Секоја година одевме Фербенкс каде е сместена куќата на Дедо Мраз. Во неа има различни божикни антиквитети. Снегот почнува да паѓа во октомври, но бидејќи е многу сув, се залепува на површината и останува до мај – вели таа.
По многуте турбуленции во животот, нејзина најголема среќа се близнаците Зои и Картер.
- Ако во животот ми се случило нешто убаво, тоа ешто станав мајка на Зои и Картер. Тие се моетонајголемо богатство, мојата надеж и најголема љубов.

- Откако се разделивме со бившиот сопруг, не ни размислувам повторно да стапам во брак. Сé во свое време, можеби некогаш и ќего напрвам тоа, но засега мојата љубов седецата. Секако и песната. Се школував да се занимавам со музика. Се надевам дека повторно ќе ја освојам публиката со новите песни – вели таа.
(С.А.Н)