Како времето да застанало за неа: Најплатената турска актерка и „миленичка на Езел“ плени со природниот изглед (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Турската актерка Џансу Дере плени со својот изглед на 42-годишна возраст. Таа често објавува фотографии на кои ја истакнува својата природна убавина.

Џансу Дере со својот изглед освои многу срца. Се смета за една од природните убавици, додека се чини дека времето застанало за неа.

Актерката има 42 години и изгледа барем дваесет години помладо. Затегнатото тело и лице прават да изгледа многу помладо отколку што навистина е.


Таа со своите фотографии редовно ги радува следбениците на социјалните мрежи, а неодамна објави слика во костим за капење и доби многу лајкови.


Она што особено ја воодушеви јавноста е природниот изглед на актерката.


Интересно е и тоа што Џансу ја освои титулата Мис Трурција во 2000 година, но натпреварот беше забранет од турската влада.
Атрактивната Џансу најмногу ги добиваше главните улоги во сериите кои беа многу популарни и кај нас. Таа глумеше во познатата серија Езел, а ја толкуваше и улогата на Ајсан Атај, која беше најголемата љубов на главниот лик Езел, кој го игра Кенан Имирзалиоглу.


Таа играше и во серијата Сила и Сулејман Величенствениот, додека денес ја гледаме во серијата Прељубник во која ја игра и главната улога.

Таа важи и за една од најплатените актерки.

извор:GLOSSY