„Македонски државјани се добредојдени“: Европска држава бара работници, а нуди плата до 6000 евра

Добивај вести на Viber

Луксембург, земјата со највисок БДП по жител во Европа, нуди просечна плата од 6.118 евра месечно и многу ниска стапка на невработеност – само 5,7%. 

На европскиот портал EURES моментално се достапни над 2.700 огласи за работа, од кои многу не бараат високо образование.

За државјаните на ЕУ не е потребна виза за преселба – единствена обврска е пријавување на престој по три месеци. Државјаните на Македонија исто така може да работат, но нивниот престој во ЕУ е ограничен на 3 месеци, што значи дека би можеле да одат на „печалба“ во текот на една сезона. 

Минималната месечна плата за неквалификувани работници изнесува 2.570,93 евра, а за квалификувани 3.085,11 евра. За квалификуван работник се смета лице со соодветен сертификат или минимум десетгодишно искуство во областа.

Работната недела е пократка отколку во повеќето европски земји – во Луксембург се работи просечно 35,5 часа неделно. Иако трошоците за живот се за околу 40% повисоки (особено кириите), платите се доволни за покривање на трошоците и заштеда.

Меѓу најбараните професии се: автомеханичари, електричари, водоинсталатери, ѕидари, но и техничари, ИТ инженери и пејзажни архитекти. Познавањето француски е предност, но не секогаш неопходност.

Извор: Мондо