Животна училница // Приказни
Какво ќе биде времето денес: Посвежо, со максимална температура до 33 степени
- 02 Септември, 2020 07:46

Денеска не очекува претежно сончево време, со посвежи температури. Имено ќе дува умерен до засилен северен ветер и ќе биде за неколку степени поладно од изминатите денови. Максималната дневна температура во некои делови од земјава ќе се искачи до 33 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде до 29 степени. Во крајните источни делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд. УВ=7. Тоа е прогнозата на УХМР за денеска.
Слично време со слични температури се очекува и во следните неколку денови. Во петок се очекува појава на изолирана нестабилност проследена со умерен до засилен северен ветер.