Животна училница // Приказни
Ќе блесне ли Скопје во новогодишна магија: Ќе ја украси ли Данела метрополата годинава на време?
- 26 Ноември, 2024 17:50

Дали оваа година главниот град порано ќе ја дочека новогодишната магија, а не како минатата на 5 минути до 12 да се украси празнично?
Засега одговорот на ова прашање сеуште не е познат.
Имено, денеска градоначалничката Данела Арсовска кажа дека постапките за украсување се почнати, но наредната недела ќе имало повеќе информации околу празничното случување во градот.
За потсетување Данела минатата година им вети на граѓаните дека оваа 2024 година ќе почне порано украсувањето.
Оставаме да покаже времето кога ќе светнат сијаличките во Скопје.