Актуелно // Insta вести
Кој е како него: Александар Тарабунов доби честитки за роденден од двете најважни жени во неговиот живот

Александар Тарабунов доби честитки за роденден од најважните две жени во неговиот живот:
Поп – пејачот Александар Тарабунов прослави роденден. Пејачот првата честитка ја доби од неговата сестра Христина.
„Не можам да дочекам 00:00, многу вежбав денес, ќе си легнам сега, викај ме Шварци од утре. А и подобро ми е најпрва да сум со честитката за најсреќен роденден. Те сака сестрата“, напиша сестрата на Тарабунов.
Најважната честитка Александар ја доби од неговата девојка Калина Поленак.
„Среќен Роденден на моето специјално момче“, напиша Калина.
Тарабунов доби честитки и од неговите блиски колеги Димитар Андоновски и Огнен Здравковски.