„За непријателите таа има оригинална порака“: Кој ја налути Гавазова?!

Македонската фолк пејачка Гавазова повторно го привлече вниманието на јавноста со искрена и жестока порака упатена преку Инстаграм стори.
Таа јавно им се обрати на своите непријатели, нарекувајќи ги „лицемери“ и нагласувајќи дека за нив веќе има посветена песна – „Бум бум“.
„Лицемери, оваа песна е за вас – Бум бум!“, напиша Гавазова, оставајќи простор за бројни реакции и шпекулации меѓу своите следбеници. Дел од нив веднаш почнаа да коментираат и загрижено да прашуваат кој ја налутил и ја испровоцирал пејачката до таа мера.
Нумерата „Бум бум“ веќе подолго време важи за вистински хит и е еден од најпрепознатливите проекти на Гавазова. Песната говори за завидливите луѓе и за нивното лицемерие, што очигледно ја инспирирало пејачката преку социјалните мрежи да потсети дека музиката понекогаш е најдобриот одговор на критиките и нападите.
Со оваа објава Гавазова уште еднаш покажа дека не се плаши јавно да се спротивстави на завистa и критиките, а песната „Бум бум“ доби ново значење за нејзините обожаватели – како симбол на отпор кон лицемерието.
РЖМ