„Оваа година летувањето на море никогаш поевтино“: Црногорското приморје полно со туристи кои одмараат со малку пари

На социјалните мрежи деновиве кружи фотографија која предизвика и насмевки и коментари – турист на црногорското приморје се пошегува на сметка на честите забелешки дека летувањето станува сѐ поскапо.
На фотографијата, тој седи на плажа со парче леб и паштета, а во описот наведува дека оваа година одморот му бил „еден од најевтините“. Со оваа објава, туристот сакал да се пошегува, но и да ја прикаже реалноста – за многумина летувањето денес значи штедење на секој чекор, особено кога станува збор за храна.
Медиумите ваквиот стил на летување го нарекоа „патлиџан туристи“ – термин за луѓе кои со ограничен буџет се трудат да организираат одмор, често носејќи сопствена храна и избегнувајќи посети на скапи ресторани.
Иако за некои ова е симбол на скромност и практичност, за други е показател за економската состојба и растот на цените по приморските дестинации.
Фотографијата отвори дискусија за тоа дали одморот е уживање без ограничувања или умешно снаоѓање со она што го имате. Едно е сигурно – за дел од туристите, паштетата на плажа ова лето е највкусниот симбол на нивната „морска авантура“.
РЖМ