Колку сме толку сме, и како тргнало сѐ помалку ќе бидеме: Македонска медицинска сестра со апел

Добивај вести на Viber

Откако почна пандемијата со Ковид-19, голем број од медицинските работници во болниците низ земјава беа заразени со вирусот. Иако голем број од нив победија, секојдневната битка во прва борбена линија беше трагична за медицинската сестра Дијана Димоска од Охрид, која почина како последица на коронавирусот.

Тогаш нејзината колешка, медицинската сестра Вики Котевска, напиша емотивно писмо посветено на колешката, но и на целиот медицински персонал, а пораката за кратко стана вирална.

Овојпат Вики повторно апелира за сериозноста на ситуацијата. Ви ја пренесуваме во целост: 

„Колку сме толку сме, тие сме, и како тргнала работава сѐ помалку ќе бидеме..
И уште ако не сме Ви добри, шо да кажам.. Заборавете ми го телефонскиот број за да прашате за совет, за да ме замолите за услуга,за врска, за да се исплачете...

Напад на секој здравствен работник е напад врз мене.. И време е да се свестите дека ние сме ви последното упориште, последната надеж.. Последната шанса..

Затоа, ако не си вака до мене, било кој од Вас, бидете достојни да не нѐ кудите и да не нѐ судите.. Или пак бујрум до нас, ќе се најде работа, за сите има место да помогнат..
Да не биде дежурни кривци за сѐ труло шо се случува околу Вас, со Вас, за Вас самите..

#едензасите#ситекоеден#тиесме#толкусме

#данепочињамепак#брдејкорона