Конечно се одлучи за повеќе интимни моменти со сопругот: Каролина Гочева сподели фотографии од одморот во Турција

Добивај вести на Viber

Поп дивата Каролина Гочева сподели неколку фотографии од одморот во Турција. На фотките кои пејачката ги објави на Инстаграм гледаме дека блеска, а насмевката не ја трга од лице .

Неколку изданија во кои е фотографирана Каролина сведочат за нејзината елеганција, едноставност и перфекција. Секогаш внимателно ги одбира модните парчиња, така и овој пат во Турција го покажа својот стил по кој е препознатлива.

Ретко пејачката споделува фотографии со сопругот Михаил Корубин со кој е во брак 4 години. Парот се венчаа на 23 септември, 2017 година во еден од хангарите на воениот аеродром Стенковец. Според описот на објавата „Изгледа инстаграмов пак нешто зеза, па морав пак.Турција, септември ‘21“, можеби одморот бил прославување на годишнина од бракот. 



Фото: Инстаграм/Каролина Гочева