КРИЗНА СОСТОЈБА ВО ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА: Ќе трае 30 дена, на располагање ќе бидат ставени сите капацитети од приватните болници и клиники

По состанокот на Националниот совет за безбедност, претседателот Стево Пендаровски изјави дека епидемиолошката состојба во земјава бара многу посериозен пристап, заради што на Владата и препорачува да прогласи кризна состојба на териоторијата на цела држава. Премиерот Зоран Заев истакна дека тие се целосно подготвени и дека најдоцна до утре вечер ќе одржат седница на која ќе прогласат кризна состојба во времетраење од 30 дена.
-Не се исклучува и можноста за полициски час, но сега со прогласување на кризна состојба ќе имаме можност за управување со сите капацитети во државата. Имаме потреба од болници и клиники, од кадар, а сето тоа и психолошки ќе влијае дека ние сме подготвени за справување со ковид-кризата, истакна премиерот Заев.
Истовремено и министерот за здравство, Венко Филипче рече дека во земјава ќе имаме критичен период кога се поголем број од новозаразените ќе имаат потреба од хоспитализација. Секак, во оваа насока, како што потенцираше Филипче, ќе има потреба и од поголем број болнички кревети, но и од кадар.
Повеќе информации по темата прочитајте на Фактор.мк