ЛАДЕН РУСКИ БРАН НА БАЛКАНОТ: Ни го носи првиот снег за оваа сезона!
Новата седмица во Македонија носи многу поладно време со невообичаено ниски температури на воздухот за самиот крај на септември и за почетокот на месец октомври. Температурите ќе бидат дури за 10 степени потпросечни, прогнозира метеорологот Славчо Попоски.
„Токму ова е поради влијанието на многу поладен воздух кој ќе се спушти од исток и од североисток односно од Русија кон нашиот дел од Европскиот Континент. Исто така новата седмица ни носи нови обилни врнежи од дожд и големо количество на воден талог, особено во вотрата половина од седмицата.
Поради заладувањето во нашата Македонија го очекуваме и првиот снег на планините за оваа сезона.
Што се однесува до регионот, снежната граница би можела да се спушти дури и пониско (до околу па дури и под 1000 метри надморска височина) тоа значи дека појава на снег ќе има и во повисоките населени места.
Во следните мои метео објави следува детална метео анализа околу тоа што точно не чека од времето во текот на новата седмица во нашата Република Македонија“, објави тој.
Фото: Freepik.comИзвор: ФАКТОР