Ленче Кукиќ открива која била причината за зголемената тежина и како ослабела 20 килограми

Мотивацијата била пресудна Ленче Кукиќ да се посвети максималмно на здравиот начин на живот, по стресните ситуации кои го доживела во изминативе години. Во време на ковид кризата се здебелила 30 килограми.
- Бевме многу болни и поради ковидот завршивме во Државна болница во Скопје. Тогаш мојот организам доживеа некој шок. Почнав да се дебелеам иако не јадев многу. Не знам ни сама што се случи со мене. Се здебелив 30 килограми и навистина многу тешко ги поднесував. Посетив голем број нутриционисти и се држев по нивните редоследи и правила, но тоа не ми помогна. Не знам зошто – вели Ленче и открива како изгубила 20 килограми за една година.
- Тоа е резултат на моја своеволна мотивација. За тоа можеби придонесе и една стресна ситуација во којашто се најдов. Една недела не можев да јадам, дури бев исплашена што се случува со мене. Но, потоа успеав да направам свој ред. Овие 20 килограми ги изгубив за една година. Почнав секое утро да пијам вода и да појадувам околу 10.30 часот. Јадам сѐ, но почнав да не ги мешам јадењата. Ако на пример наутро јадам тестенини, ставам во нив само едно мало парче путер, повеќе сол и толку. Нема сирење, нема кечап, ни мајонез. Ручам околу 17.30 часот и толку. За време на ручекот јадам сѐ: леб, салата, ориз, месо, и во меѓувреме, во текот на денот, не пијам газирани пијалоци и не јадам никакви грицки. По природа не сум многу по благите работи. Доволна ми е само една коцка чоколадо. Сега имам повеќе енергија. Благодарна сум што си направив еден мој редослед, свој режим на исхрана и тоа ми успеа. Не се брзав, за да не ми се вратат килограмите како бумеранг. Внимавам на исхраната, си го терам тој ред и полека ги намалувам килограмите - дополнува пејачката.
С.А.Н.