Летувањето стана луксуз: Ова се „непланираните“ трошоци што може одморот да ви го направат „посолен“

Летувањето од година во година станува се поскапо, а помалку луѓе планираат одмор оваа година. Како главна причина е недостаток на пари.
Покрај превозот и сместувањето, туристите често забораваат на дополнителните трошоци што се наплаќаат на лице место и кои не се секогаш јасно се наведени при резервација.
Тоа се најчесто таксите кои го поддржуваат локалниот туризам и заштитата на животната средина, но важно е туристите да бидат однапред информирани за тоа.
Експертите советуваат секогаш да ги вклучите потенцијалните дополнителни трошоци во вашиот буџет.
Најчести скриени трошоци:
*Трошок за услуга во ресторани - Во многу земји, тој веќе е вклучен во сметката, па затоа не е потребен дополнителен бакшиш.
*Трошок за одморалиште - Дополнителен надомест за хотелски погодности, особено на места како Хаваи, се наплаќа по пристигнувањето и често се изоставува од вкупната цена при резервација.
*Трошоци за странски трансакции - Банките и картичките често наплаќаат такси за плаќања во странска валута. Подобро е да изберете плаќање во локална валута.
*Паркинг - Хотелите можат да наплатат до 50 долари по ноќ за паркирање, особено на популарните дестинации.
Патничко осигурување - паметен додаток
Иако не е задолжително, патничкото осигурување може да биде клучно ако има откажување или проблем на патот.
Подобро е да го имате, а да не го користите отколку обратно.
Фото: Freepik.comИзвор: Bizlife.rs