Животна училница // Приказни
Лила пие кафе со жирафи: Ова е хит
Секогаш има со што да изненади, а овој пат водителката Лила Филиповска приреди вистинско чудо.
Во золошката градина во Скопје седи на маса на отворено и пие кафе со својата другарка, а друштво ѝ прават жирафите кои се заштитен знак на золошката.
„E oва се вика среќа. Денот да е сончев и топол сред ноември.... и да пиеш кафе заедно со прекрасни суштества како моите другари жирафите Того и Каспер. Тоа е таа љубов и таа енергија со која зрачат само животните и која не се споредува со ништо друго.
И секако, многу сум среќна што тимот од Зоолошката знаат за оваа моја љубов и ми ги исполнуваат сите желби„- напиша Лила под фотографија.
Фото: Инстаграм