Мајка почина спасувајќи го своето бебе: Пораката што ја остави ќе ве трогне

Последните моменти од животот ги поминала во борба
за животот на детето!
Мајката починала во пожар, обидувајќи се да ја спаси новородената ќерка, со која поминала само една недела.
Шелби Картер Чу Ави била позната како лице полно со љубов. Сакала да биде мајка, па затоа била заљубена во нејзината новородена ќерка Киану. За жал, таа поминала малку повеќе од една недела со неа.
Шелби починала во пожар, обидувајќи се да ја спаси новородената ќерка, со која поминала само една недела. Многу познаници и семејството сведочат за нејзиниот карактер.
Шелби обожавала да игра кошарка и многу сакала деца. Таа го сакала секое дете со кое стапувала во контакт, а и тие ја сакале. Била среќна кога се породила, кога станала мајка. Последната објава на Фејсбук била на нејзиниот 21 роденден, таа споделила колку ужива да поминува време со својата ќерка и колку сака да е мајка.
Таа дури и не знаела дека нејзиниот живот наскоро ќе заврши. Голем пожар избил во куќата на нејзините родители, а последно што сторила е тоа што го спасила своето дете. Огнот веќе ја зафатил целата куќа кога пристигнале пожарникарите.
Било можно само да го спаси бебето. Младата мајка видела дека таа нема шанси, па го ставила своето бебе во транспортер, ја врзала добро и ја спуштила низ прозорецот од вториот кат од куќата. Позади неа горел огнот.
- Неверојатно е што таа успеала да го спаси бебето. Тоа е чудо, рекол пожарникарот. Кога бебето било на сигурно, Шелби го вдишала чадот, а потоа починала, како последица од задушување од чад.
Пожарникарите го пронашле бебето. За среќа, таа имала само една мала изгореница, но во спротивно била добро, за жал немало спас за нејзината мајка.
Можеби ќе ве интересира:
Поради Ковид-19 остана сираче: Мама Марија почина само неколку часа по првите симптоми