Мајката на момчето спасено по стравичниот земјотрес: Леон веќе скока, добро е, но прашува кога ќе одиме дома
Момчето го извлекле граѓаните, а непозната жена го тешела додека не го извлекле неговиот татко, кој сега е во болница...
Светот за страшниот земјотрес во Петриња дозна преку шокантните сцени на кои Јосип Ходак и неговиот 4 - годишен син Леон биле извлечени од згмечениот автомобил во центарот на градот, од кој за чудо биле спасени. Тие се опоравуваат, тато Јосип од повредите и неговото мало момче од шок. Таткото е во болница, каде ги лекуваат неговите осум скршени ребра, а детето е со неговата мајка Маја Споја, во сместување кај роднини, исто така во Загреб.
„Драги мои, ви благодарам за пораките и грижата, ние сме добри колку што можеме да бидеме. Моите храбри момчиња се стабилни, надвор од животна опасност. Леон помина со полесни телесни повреди, без скршеници и модринки, Јосип е во болница под лекарска контрола, тој е стабилен, има скршени ребра, но фала му на Бога, нема оштетување на органите. Се надевам дека сите сте физички добри, бидејќи психички никој не може да биде добро. Се надевам дека ова беше последното зло. Никогаш повеќе да не се случи. Чувајте се, грижете се за себе и за своите најблиски“ - преку Фејсбук им порача сопругата на Јосип и мајката на Леон, Маја, на грижливите пријатели и роднини штом се смести и дојде до здив по сите шокови што ги доживеа.
Оваа мајка за „Јутарњи лист“ истакна дека малиот Лен е добар.
„Леон малку ја имаше набиено ногата, но тој веќе скока. Тоа што се случи не остави никаква трага на него. Среќен е, прашува кога ќе дојде татко му и кога ќе одиме во нашиот дом во Петриња“.
Видеото од акцијата со која беа спасени таткото и синот, може да ја погледнете во продолжение:Фото: Robert Fajt/Cropix/Privatna Arhiva