Македонските супер модели: Манекенките од 80- те и 90-те кои останаа незаменливи

Добивај вести на Viber

Уште од времето на бивша Југославија ние имавме манекенки од Македонија кои беа барани на сите големи модни настани во поранешната држава. Со посебна убавина и професионализам хараа по модните писти, снимаа каталози, реклами, спотови, насловни страници и беа пандан на светските супер модели од времето на 80-те и 90- те. На некој начин, тие и создадоа манекнство кај нас, ама она професионалното.

Денес, секоја од нив е подеднакво успешна во она што го работи. Сите сеуште се убави, некои далеку, некои блиску до модата.

Снежана Сани Богдановска, Јованка Масиќ, Ирина Илиевска, Надица Георгиева, Сања Јовановиќ Кларк, Наташа Апостолова Денковски беа дел од едно време кога овде модната сцена и манекенките имаа сосема поинакви критериуми.