Марјана Станојковска црнокоса?! Не замислувајте, вистина е! (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Верувале или не, познатата македонска водителка Марјана Станојковска, која денес важи за една од највпечатливите русокоси дами на нашата сцена, на почетокот на својата кариера изгледала сосема поинаку – со кратка црна фризура и шишки!

Фотографиите од нејзините рани почетоци се вистинска реткост, но благодарение на еден кадар од мега популарниот музички спот на групата „Нови Дечки“, јавноста повторно се потсети на едно поинакво лице на Марјана. Во видеото, кое датира од раните 2000-ти, може да се забележи младата Марјана во друштво на уште една препознатлива водителка – Билјана Максимовска, позната по нејзината улога во емисијата „99action“, која ја водеше заедно со Мартин Трпчевски и Миа Костова.

Во тој период, македонската музичка и ТВ-сцена доживуваше вистински подем, а токму оваа генерација девојки остави силен белег на тоа време.

На левата страна од фотографијата: Марјана во молади години со црна „боб“ фризура – фатена во кадар од видео спотот.

На десната страна: денешната Марјана – елегантна, гламурозна и самоуверена, со препознатлива долга руса коса и беспрекорен стил.

Трансформацијата е навистина спектакуларна – од девојка во музички спотови, до едно од највлијателните лица во македонскиот медиумски простор. Доказ дека стилот се менува, но харизмата и енергијата остануваат исти.

РЖМ - Г.Д.Г
Фото: Принтскрин/ Јутјуб/ Инстаграм