Мелем за уши: Марија Шерифовиќ ја испрати 2020 со едночасовен музички спектакл

Добивај вести на Viber

Музичарите секоја Нова година имаат многу работа. Новогодишните концерти и полните арени се она што е вообичаено за нив пред крајот на старата и почетокот на новата година. За жал, оваа година беа спречени да ја работат својата работа и да ги забавуваат луѓето.

Но, дел од нив изнајдоа решенија, како повторно да бидат со своите обожаватели и како да им го поправат расположението за време на новогодишната ноќ. Еврозивиската победничка, Марија Шерифовиќ беше една од тие изведувачи.

Имено, таа во организација со „ТВ Прва“ организираше концерт, во кој пееше свои и песни од колегите. Ова музичко задоволство траеше еден час, а пејачката на својот Јутјуб канал објави видео од овој спектакл.

На концертот на Марија гостинка беше ни помалку, ни повеќе туку Јелена Карлеуша, која испеа една од своите најпознати балади.

Во продолжение погледнете како изгледаше новогодишниот концерт кој им го приреди Шерифовиќ на своите обожаватели: