Мила, бори се, биди силна, биди храбра: Актерката Ирена Илиевска стана мајка
Позната е по новите
македонски приказни. По својот мил глас и стас. Но, граѓаните ја слушаат и во
некои турски серии, бидејќи го „позајмува гласот“ за синхронизација. Актерката
Ирена Илиевска преку социјалната мрежа фејсбук ја сподели убавата вест и откри
дека на свет ја донела својата ќерка, родила девојче. Секоја жена кога за прв
пат ќе стане мајка, нешто во неа се менува, станува понежна, почувствителна, посилна, можеби токму овие нешта ја поттикнале актерката искрено, емотивно и од
душа да напише порака за пристигнувањето на нејзината ќерка:
„ Денес родив девојче! Станав мајка! Чувствувам лавина од емоции! Огромна радост, збунетост…нешто сосема ново и тешко за артикулирање!
Сакам да и кажам многу работи! Да и кажам дека целиот свет е нејзин! Да, мила, се е твое! Сиот свет! И се што е убаво во него.
Зграпчи се што сакаш да биде твое. Бори се за се што посакуваш. Биди силна! Биди храбра! Среќата ги прати храбрите. Не застанувај. Не гледај назад.
Не дозволувај никој да те сопре! Бори се за тоа што го сакаш. Бори се за себе и своите сакани. Љуби! Вистински. Со страст. Со целото свое срце. Не ја штеди љубовта, зашто само љубовта кога ќе ја поделиш на две, добиваш две цели, а не две половини!
Љуби! Несебично. Без его. Егото не ти треба кога ќе знаеш што сакаш. А себичните остануваат сами, секогаш. Не ти треба тоа мила.
Љуби! Љуби ги пријателите. Нив бирај ги внимателно и чувај ги добро. Срцето ќе ти кажува се! Научи што побрзо да го слушаш. Научи му го јазикот.
Љуби…но не дозволувај да те боли. А, ако заболи, оди, заврти се и оди. И не гледај назад. Никогаш. Не, не го врти другиот образ! И не трпи ништо што срцето и душата не ти сакаат.
Љуби ги твоите родители, зашто тие веќе живеат за тебе. И љуби се себеси. Секогаш. Само така ќе останеш своја. Зашто ќе има се, дете мое. И убаво и лошо. Ти си родена за убавини. Секогаш нив одбирај ги. И не прави компромиси. Со никого. За ништо. Само знај што сакаш.
Не дозволувај сопки и
препреки. А, кога ќе се случат, гледај ги храбро, право во очи и надмини
ги! А потоа подзастани.
Ќе научиш да уживаш. Да си дадеш време за себе, за
сите убавини на душата.
Живеј убаво! Кога ќе треба забрзај, кога ќе треба успори. Држи темпо со животот. Ниту времето да те гази тебе, ниту ти да трчаш пред времето.
Храни се убаво. Јади за да преживееш, а не живеј за да јадеш. Пиј убаво. Убаво вино. Пробај да не пушиш цигари. Веќе не се во мода. Спортувај, убаво е за се, ќе ти покаже тато. Читај“ е само дел од емотивната прва порака на Ирена кон нејзината рожба.
Актерката откри дека девојчето го добило името Ева. Ова име е со еврејско потекло, а има и посебно значење, значи „Онаа што дава живот“.
Moжеби ќе ве интересира:
Не ги гледаме, но ги слушаме како Санем и Џан, Ендер, Рејхан и Џенк: Актери кои ги насинхронизираат ликовите во турските серии