„ОД СЕПТЕМВРИ ПОЧНУВАМЕ СО ЛЕЧЕЊЕ НА БОЛНИТЕ ОД РАК!“ Рускиот професор Сергеј Бољевиќ открива - почнува примената на вакцината

Добивај вести на Viber

Од септември во Русија почнуваат клиничките испитувања за два типа вакцини кои ќе се применуваат кај пациенти болни од рак. Едната вакцина е ентеромикс вакцината, а втората mRNK вакцината која се работи под раководство на академик Александар Гинзбург. Оваа mRNK  вакцина ќе биде персонализирана (изработена за секој пациент посебно) и очекувањата се дека ќе биде многу ефикасна затоа што досегашните клинички испитувања врз животни покажуваат 100-процентен резултат кај меланомот, односно ракот на кожа. 

МИА стапи во контакт со професорот Сергеј Бољевиќ, шеф на Катедрата за патологија на Универзитетот Сеченов во Москва, кој е дел од тимот кој работи на mRNK вакцината. Тој во интервју за МИА појаснува дека персонализираната вакцина ќе се изработува за 7 до 10 дена, а лечењето би траело околу пет месеци. За почеток, вакцината ќе се применува кај пациенти со меланом и одредени видови рак на бели дробови.

- За секој пациент се прави посебна вакцина. Се зема материјал од туморот и дел од здравото ткиво и со помош на вештачка интелигеција во рок од 7 до 10 дена веќе имаме вакцина и може да почне лечењето. Лечењето трае од пет до шест месеци и секојдневно се следи ситуцијата. Секоја недела дена се земаат примероци кои покажуваат како туморот заминува од организмот, односно како се намалува и како во крвта се намалуваат келиите на тумор и.т.н. Се надеваме на голема ефикасност на оваа вакцина и дека ова ќе биде голема револуција во лечењето на ракот, нагласува Бољевиќ за МИА. 

Клиничките испитувања, кои професорот Бољевиќ повеќе преферира да ги нарече лечење, треба да започнат од септември и веќе се подготвени две групи од по 30 пациенти од Русија.

- Не може да правиме испитувања на пациенти од рак. Што се однесува до mRNK вакцината, таа е многу перспективна. Се надеваме дека ќе биде многу ефективна затоа што досегашните клинички испитувања покажаа практично 100-процентен резултат кај глувци кога станува збор за меланомот. За почеток најверојатно ќе се применува кај пациенти до меланом и одредени видови рак на бели дробови. Тоа е особено важно затоа што сакаме да ги покажеме првите резултати дека можеме да го излечиме пациентот во четвртиот стадиум од болеста и со метастази, вели Бољевиќ. 

Во моментот се работи и на тоа во лекувањето да бидат вклучени и странски државјани но, како што вели Бољевиќ, сега сето тоа е во фаза на подготовка. Се прават списоци на пациенти кои одговараат на одредени критериуми што треба да ги исполнат. 

-  Не може да ги земеме сите видови на тумор, можеме само овие два типа и евентуално рак на бубрези, панкреас, дојка, дебело црево..., Имунолошкиот систем треба да е доста сочуван затоа што ако имунолошкиот систем е веќе уништен, тогаш на тој пациент тешко можеме да му помогнеме затоа што оваа методолија е заснована на стимулирање на имунолошкиот систем. Ако туморот се излечи, тогаш тој тип на тумор тешко дека ќе се повтори, појаснува Бољевиќ. 

Вакцината засега ќе се применува само во Русија, но Бољевиќ не ја исклучува можноста во иднина таа да стане достапна за секој граѓанин. - Да ја завршиме првата фаза и да докажеме дека ова навистина функционира. Тогаш може да преминеме кон експорт технологијата за било која земја во светот, вели Бољевиќ. 

Бидејќи се работи за персонализирано лечење односно вакцина изработена со високи технологии и посебно за секој пациент, таа ќе се плаќа, освен за руските граѓани кои ќе имаат поволности. 

Втората вакцина на која исто така се работи во Русија е ентеромикс вакцината базирана на ентеровируси, а за клиничките испитувања за оваа вакцина веќе се избрани 48 пациенти. Оваа вакцина се работи под ракводство на академик Андреј Каприн. Досегашните испитувања покажале дека токсичниот ефект е „многу незначителен“. Лекот се нарекува „вакцина“ поради методот на неговото создавање односно од ослабени туморски клетки, слични на ослабените микроорганизми во превентивни вакцини. 

Интервјуто го пренесуваме во целост: 

Професоре, вие сте дел од тимот научници кои работат на изнаоѓање на вакцина против рак. Може ли за македонската јавност да појасните за каков тип на вакцина се работи затоа што прочитав дека руските научници работат на два типа на вакцина?

- Да. Сега моментално се работи на две врсти на вакцина. Тоа е ентеромикс вакцината, таа се работи на Институтот Герц под раководство на академик Каприна. Тоа не е персонализирана вакцина, тоа е ентеролитичка вакцина на база на ентеровируси. Другата вакцина на која работи тим во којшто сум и јас, е mRNK вакцината под раководство на академик Гинзбург. За овие две вакцини клиничките испитувања ќе почнат во септември, но тоа се повеќе лечења отколку испитувања.

Што се однесува до mRNK вакцината, таа е многу перспективна и ние за неа се надеваме дека ќе биде многу ефективна затоа што испитувањата покажаа практично 100-процентен резултат кај глувците кај меланомот. За почеток, најверојатно ќе се применува кај пациентите со рак на кожа и одредени видови рак на бели дробови. Тоа е многу важно затоа што сакаме да ги покажеме првите резултати дека можеме да го излечиме пациентот во четврти стадуим со метастази. 

Се зема материјал од пациентот. За секој пациент се прави специјална вакцина. Се зема материјал од туморот и материјал од здравото ткриво. Во рок од еден до два часа со помош на вепташката интелигенција ги изработува сите тие милионски можности што може да бидат мутација. Ова да го работи човек би траело од пола до една година, но тоа го работи вештачката интелигенција многу брзо и во рок од седум до десет дена вакцината е изработена и може да почне лечењето. Лечњето трае пет-шест месеци и се следи ситуацијата. Отрплика на сеоја недела се земаат примероци кои покажуваат како туморот заминува од организмот, однсно како се намалува и како се намалува во крвта количината на туморните клетки. Така што се надеваме на голема ефикасност на вакцината и дека тоа ќе биде револуција во лечењето на ракот. 

Споменавте дека клиничките испитувања ќе почнат од септември. Има ли пријавено пациенти за лекување?

- Што се однесува до Русија веќе се подготвени две групи по 30 пациенти во институтот Герцен и во Онколошкиот центар Блокина. Тоа се два центри кои имаат дозвола за да се применува mRNK вакцината. Што се однесува до странските државјани, може да се организира и на тоа сега работиме да доаѓаат пациенти на лечење. Сега тоа се организира за да имаат достоен третман за да добијат лекување и секако да се излечат. Се е тоа можно, сега тоа е во фаза на подготовки, се прават списоци на пациенти кои одговараат на одредени критериуми. Не може да ги земеме сите, туку само овие два типа на тумор плус најверојатно рак на бубрези, панкреас, дојка и дебело црево во некои варијанти, но овие пациенти мора да имаат во крвта одредени супстанци на кои ние ќе може да се потпреме за да можат тие да прават заштита на организмот. Знаете, ракот во организмот е прикриен, тој е како чадор прикриен и ако сме давале терапија таа не можела да дојде до ракот, а сега ние со нашите методи го тргаме тој чадор и организмот почнува сам да се бори и да стимулира имунитетот и организмот да се бори против келиите на рак. Затоа мора да постојат предуслови за да дојдеме до резултатот што го посакуваме.

Дали тоа значи дека имунолошкиот систем на пациентите треба да е добар?

- Секако, имунолошкиот систем треба да се сочуван бидејќи ако тој имунолошки систем веќе е уништен со разни методи тогаш тешко на тој пациент може да му помогнеме затоа што нашата методолигија е заснована на симулирање на имунолошкиот систем и ако туморот се излечи, тогаш тој тумор тешко дека ќе се повтори.

Кога може да очекуваме вакцината да биде достапна за сите пациенти?

- Оваа методологија засега ќе се применува во Москва. Да ја завршиме првата етапа и да покажеме дека ова навистина функционира за што ние 100 проценти сме убедени и дури тогаш ќе преминеме на експорт технологијата во било која земја во светот.

Дали оваа вакцина ќе биде бесплатна за пациентите?

- Што се однесува до руските граѓани, таа ќе биде бесплатна, но за странци ќе мора да се наплаќа. Тоа не е евтино лечење, имајќи предвид дека е персонализирано, за секој пациент посебно и дека се применуваат скапи технологии.

Текст и фото: МИА
Извор: ФАКТОР