ДВАПАТИ СЕ РАЗВЕДУВАЛА ОД ПОЗНАТИОТ ПЕЈАЧ: Важи за една од најфаталните жени, но го љуби само него: Еве во каков луксуз ужива СЕГА

Пејачот Пеѓа Јовановиќ има мошне турбулентен живот, а неодамна повторно се смири со сопругата Ана, која го напуштила двапати.
Пеѓа откри дека повторно е среќен со Ана, која важи за фатална бринета и често предизвикува врева на социјалните мрежи со своите провокативни фотографии.
Ана не крие дека ужива во луксузен живот, а на нејзиниот Инстаграм можат да се видат фотографии од различни делови на светот. Сега покажа како ужива на егзотична дестинација.
„Мојата канцеларија овие денови“, напиша таа во описот на објавата на која позира на покрив со поглед кон морето.
Пеѓа за помирувањето со Ана и битката со пороците
Пеѓа неодамна проговори за помирувањето со Ана, но и за својата борба со алкохолот.
– Никој друг не може да ја донесе таа одлука. Мене долго време ми зборуваа, фамилијата, брат ми Ненад... тој многу се грижеше. Ме буди во 7 наутро да одам дома, иако свирката завршува во 4, ние седиме... Самиот сфатив. Ништо не вредеше – ни зборовите на жена ми, ни на сестра ми. Јас мислев дека сум во право и дека уживам во животот, што беше погрешно. Кога го сфатив тоа, тоа беше првиот чекор кон отрезнување – изјави пејачот.
– Месеците ги одложував тие одлуки и правев планови... Како, ајде вечерва нема да испиеш шише виски, туку само две чаши. И кога ми успеваше тоа, се чувствував горд, мислев дека можам да се контролирам. Но, нема тука контрола. Кога човек длабоко заглавува... Сфатив – или-или. Нема средина. Фала му на Бога, донесов одлука пред три години да престанам да пијам и повеќе во животот не ни помислувам на алкохол.
Љубовта со Ана не згаснала
Пеѓа откри и дека тој и Ана никогаш не се развеле правно.
– Мојата поранешна сопруга веќе не е поранешна – сега повторно е сегашна. Ана е најголемата љубов во мојот живот. Секогаш бевме на раб на развод, а сега решив да не се глупирам веќе и да се посветам на вистинските вредности – на семејството – вели Пеѓа.
– Веќе не знам ни јас колку пати сме се скарале. Никогаш не се разведовме на хартија, иако сега бевме блиску. Мислев дека сум во право – не бев. Сега се враќаме на суштините во животот. Семејството е поважно од сè. Ова ни е трета среќа, нема веќе осцилации.




