Царица - Анета Љумаковска докажа дека после бура доаѓа сонце: Сега е поубава од било кога

Добивај вести на Viber

Пејачката Анета Љумаковска, позната како препознатливо лице од групата „Молика“, изненади многумина со својот целосно нов имиџ, откако неодамна објави дека се разделува и од музичката група, но и од својот сопруг. 

Со својата најнова појава, Анета јасно покажа дека влегува во ново животно поглавје – посилна, посвежа и посамоуверена од кога било.

Пејачката се појави со драстично скратена коса, која е свежо бојадисана во посветол, модерен тон, а новата фризура дополнително го истакна нејзиното лице. Гламурозната шминка и впечатливиот кожен фустан со длабоко деколте беа деталите што го привлекоа целото внимание – и на јавноста и на медиумите.

Коментарите не изостанаа. Социјалните мрежи се преплавени со пофални зборови за нејзиниот нов изглед. „Се препороди“, „Изгледа неверојатно“, „Разводот ѝ годи“ – се само дел од реакциите на нејзините следбеници и обожаватели.

Многумина истакнуваат дека промената на Анета е повеќе од само физичка – таа зрачи со нова енергија и самодоверба.