Сопругата на Темелков стана полнолетна: Со синчето, сопругот и драги луѓе во интимна атмосфера го прослави својот роденден

Добивај вести на Viber

Македонскиот пејач и натпреварувач во популарното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, Александар Темелков, повторно го привлече вниманието на јавноста, но овојпат надвор од музичките сцени. 

Темелков неодамна на социјалните мрежи сподели фотографии од прославата по повод полнолетството на својата сопруга Сара.

Она што посебно ја заинтригира македонската јавност е фактот дека младата Сара токму сега го слави својот 18-ти роденден, додека заедно со Александар веќе го одгледуваат своето синче. 

Оваа храбра одлука на младиот пар да формираат семејство на толку рана возраст од самиот почеток ја будеше љубопитноста кај многумина, а сега, со полнолетството на Сара, интересот уште повеќе расте.

На фотографиите од роденденската прослава, која беше интимна и исполнета со насмевки, се гледа колку хармонија владее помеѓу нив. Александар не пропушти прилика уште еднаш јавно да ѝ ја изрази својата љубов на Сара преку емотивни зборови и фотографии со нивното синче. 

-Го прославивме роденденот на мојата сопруга Сара заедно со нашите сакани и ценети кумови. Среќно полнолетство, стоеше во честитката на Темелков упатена до сопругата. 




1
2